Како да не беше доволна страшната собраќајката што ја потресе Македонија со младата девојка од Неготино Фросина Кулакова, денеска во Скопје се случи уште една несреќа која лесно можеше да има ист епилог.

Возачот избегал откако удрил во пешакот- за малку уште една „Фросина“

Според информациите до кои дојде Лидер, но и подоцна  стигна и потврда од МВР , денеска кај Скопјанка возило удрило во маж, а возачот избегал од местото на настанот.

Денеска (31.01.2025) во 13.54 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул.„Кузман Јосифоски-Питу“ во Скопје патничко возило „цитроен“ удрило во машко лице, по што го напуштило местото на настанот. Повредениот пешак е пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Полициски службеници од СВР Скопје преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и расчистување на настанот, информираат од МВР.