Тој истакна дека имал прилика денеска да ја прочита сторијата од Светска банка, објавена на Еуроњуз и бројките од истата се застрашувачки, со повеќе од илјада луѓе прерано починати од загадувањето, но и огромен број на заболувања пред се срцеви заболувања како последица на загадувањето,што говори дека треба да се бара сериозно решение за овој проблем.
СДСМ во предизборната кампања особено Златко Марин и Зоран Заев станаа познати по онаа изјава „Аеро, Аеро Аеродром“, којашто денеска служи за потсмев од страна на аеродромци, а тие ветуваа дека со самата промена на власта ќе се исчисти воздухот, нотоа граѓаните не го гледаат, а треба многу да се работи за да се реши истото, истакна Митески.
Митески вели исто така дека власта продолжи со енормното градење особено во општина Аеродром, а бројките од ДЗС говорат дека за време на мандатот на Златко Марин биле дадени одобренија за 4,000 станови и 220 илјади метри квадратни изградена површина само во Аеродром, а 4,000 станови се исто како еден помал град од Источна Македонија, како и самото градење кое предизвикува за зголемување на честичките од прашина во воздухот и поголемо загадување на воздухот, објасни Митевски.