Андоновски рече:

-Ние ја признавме грешката. ФФМ направи најверојатно несреќен избор и таа вина ја преземаме врз себе и врз службите во Федерацијата како што напомена во соопштението и самиот Сејдини. Да не заборавиме дека ракометната репрезентација на Македонија играше во црна боја на Светското првенство во Египет на почетокот на оваа година. Веројатно силината на фудбалот е до тој степен поинаква за да се реагира на тој начин. На крајот на денот се обидуваме да го промениме тоа на начин на кој што велат навивачите и поддржувачите затоа што тие се најбитни, тие го носат и чувствуваат македонскиот дрес