Таа истакна дека, засега, непознато останува само дали ќе биде дозволено присуство на јапонски навивачки на олимписките борилишта.
До почетокот на ОИ во Токио преостануваат уште точно 50 денови, а Јапонија веќе неколку недели се бори со нов, четврти, бран на коронавирусот.
Испитувањата на јавното мислење покажуваат дека Јапонците се против одржување на ОИ поради актуелната состојба поврзана со Ковид-19.
– Народот во Јапонија чувствува фрустрација поради тоа што сакаме да ги организираме Игрите во Токио. Најголемиот предизвик ќе биде начинот на кој ќе го контролираме движењето на луѓето. Доколку дојде до нов бран во текот на Игрите, тоа ќе предизвика голема криза и вонредна состојба. Поради тоа мораме да бидеме подготвени на сценарио во кое олимписките натпревари ќе се одржуваат без присуство на гледачи, изјави Хашимото.