пишува: ФРОСИНА РЕМЕНСКИ
Да не прочитав дека, Русковска го изјавила тоа, ќе мислев дека е стар наслов по една изјава на Катица Јанева која на ист таков тон, откако даде исказ кај Вилма Русковска, повикувајќи се на законот изјави дека, „не можат да ја сменат“.
Аналогијата на оваа „незаменливост“ ме поттикна изворно да напишам збор-два за промашената суштина на интервјуто во кое Русковска покажува сериозно непознавање на тоа што општеството очекуваше и очекува од обвинителството што го раководи таа. Но, прилично дискутабилно станува и нејзиното „разбирање“ на организираниот криминал, воопшто.
Зошто?
Ќе читате во неколку продолженија.




Намав. Немав ништо лично, до моментот додека таа не почна да има лично против мене. Не, тоа нема никаква врска со некаква обвинителска професионалност. Долга е, а јас сакам да пишувам. Ќе читате








Околу 22.15 часот по едно мое гостување на 24 Вести по повод Законот за јавното обвинителство, судбината на СЈО итн., добив телефонска порака со зборовите:




Не можев да поверувам дека, јавен обвинител си дозволил на пратеник во Собрание кој носи и гласа закони, и „плука“ со факти, да му испрати порака со ваква содржина.
На пораката ѝ одговорив:



За оваа порака и „забелешката“ информирав „погоре“ што би се рекло.






За пееењето во следен статус.
„Плукање“ беа изнесените факти во емисија дека:






Ова за Вилма беше плукање, а за мене и денес се аргументи плус и едно горко дежаву кое го доживува нашето општество со мали нијанси на привиди за правда.


Тогаш на Вилма Русковска и на другите обвинители воопшто не им пречеше што нивните „независни обвинителски постапувања“ (нели?) беа дел од отчети на политичка партија, џоамити се партиска подружница. Не им пречеше, зошто тие беа извршителите

Русковска која за себе знае да каже дека, е една од најстарите обвинители, сигурно се сеќава дека, сензационалистичките полициски акции кои служеа за ПР-алатка на Мијалков и Јанкуловска завршуваа со обвиненија токму од неа. Може не сите, но факт е дека сите што ги водеше Вилма Русковска паднаа на повисоките судови и завршија со ослободителни пресуди. Да ве потсетам на Калдрма, Змијско око 1, Змијско око 2 …, на Детонатор кој како полициска акција експресно заврши по петократното убиство кај Смиљковското езеро, за да се се сокрие како во државата влегле камиони автомат-покер-апарати. Колку да се потсетите на „професионалноста“ на Вилма погледнете едно сведочење на притворена жена која и денес не знае зошто била притворена, а добила ослободителна пресуда „по обвинението на Вилма“.









Како Вилма Русковска стана потенцијален кандидат за шеф на организиран криминал















