Владата не успеа да ги оддржи ветувањата и најавите и вчера на 77-мата седница си донесе одлука со која само на 2.204 од скоро 6.500 компании од угостителската дејност, коишто со одлука беа затворени во периодот од 6-ти до 27-ми април ќе им исплати износ од 354.656.831 денари или 5,77 милиони евра.
Зошто Владата најави и вети 9.9 милиони евра за 6000 угостители и 17.000 вработени, а создаде услови и критериуми од кои ќе исплати на една третина нешто повеќе од половина од ветената помош. Која е целта на Владата да се попишмани за најавите и ветувањата и со ваква одлука да им одземе повеќе од 4 милиони евра ветена помош на угостителите? Во чии џебови и сметки сега таа помош ќе биде пренасочена?
Веќе со право се сомневаме во искреноста и вистината на зборовите во најавите и изјавите на некои претставници на Владата кои со нивните изјави самите се демантираат кога едно најавуваат и ветуваат, а сосема друго реализираат и исполнуваат.
Доказ за тоа е и последната одлука на Владата за исплата на вкупна финансиска поддршка од 6-тиот сет мерки во износ од 354.656.831 денари или 5,77 милиони евра на само 2.204 од повеќе од 6.000 компании кои ги исполниле т.н. поставени услови на јавен повик за финансиска поддршка и помош од 6-ти сет мерки.
Уште еднаш ги потсетуваме гласно говорниците на Влада и останатите Владини претставници дека со одлуката од 5ти април не ги затворија само овие 2204 компании – угостителски објекти кои ги исполниле т.н. ново создадени услови од јавниот повик туку затворија повеќе од 6000 угостители и угостителски објекти со над 17.000 вработени на кои име вети дека за периодот од 6ти до 27ми април кога име беше забрането да ја вршат својата основна дејност ќе им исплати 9.9 милиони евра неповратна помош како надомест на дел од трошоците и загубите што ги имаат поради забраната.
Со оваа одлука сигурне сме дека Владата знае дека дополнително оштети и нанесе неправда на повеќе од 4000 угостителски објекти на кои им најави и даде ветување дека ќе им исплати неповратна финансиска помош, а не само што не го исполни туку селективно дополнителни им забрани и ускрати правото да аплицираат за истата.
Ако требаше да се гордееме со најавата на одлуката за помош и поддршка за угостителскатаиндустрија со 6тиот сет мерки, денес слободно можеме да изјавиме дека се срамиме од повторно условениот и деградирачки однос со критетирумите од јавниот повик со кои оваа поддршка и помош се изземени повеќе од две третини од компаниите кои вршат угостителска дејност“, додаваат од НУК.