Преку апликцијата за самопопишување заклучно со 08.30 часот изутрина се евидентирани вкупно 121 520 лица.
Од 1 март се попишуваат и дипломатите и нивните семејства, а од 1 до 15 март се попишуваа лицата кои се наоѓаат во служба на Армијата на РМ, во државата или во странство, лицата во притвор или на издржување казна затвор во затворите, казнено-поправните установи и воспитно-поправните домови, како и бездомниците.
Пописот на населението, домаќинствата и становите, пак, треба да се спроведе од 1 до 21 април.