Задоволни се од гестот на македонските власти.
На „М-смарт“ картичката има кредит од 760 денари, колку што е потребно за поминување на Коридор 10 во двата патни правци.
Српските државјани ќе можат да ги користат овие картички до 15 август со опција да ги задржат и понатаму да ги користат со надополнување кредит од најмалку 300 денари.
Досега се изработени околу 65 илјади картички кои се доставени на МВР а за вкупната бројка на картички кои ќе се изработуваат сукцесивно и ќе се доставуваат на преминот „Табановце“ е 200 илјади за кои Владата издвои 172 милиони денари.
Српските државјани пак кои ќе одлучат да летуваат во Охрид ќе мора да платат патарини но охридските хотелиери најавија дека за нив ќе има попуст при сместувањето а се разгледува и локалните власти ја разгледуваат опцијата да им одобрат бесплатен паркинг.