Курц ова го рече по самитот со колегите од земјите од поранешна Југославија кои не се членки на Европската унија. Беше присутен и претставник на Албанија.
Австрија дистрибуира 651 000 дози вакцини од ЕУ во регионот.
-Покрај тоа, ние сакаме да дадеме билатерален придонес како Република Австрија и решивме како Влада да обезбедиме еден милион дози вакцина за земјите од Западен Балкан, изјави Курц пред новинарите по самитот.
Дозите ќе се доставуваат од август до крајот на годината, додаде тој, без да прецизира кои земји ќе ги примат или како ќе се дистрибуира вакцината меѓу нив.
Тој исто така не кажа каков вид вакцина ќе биде доставена.
Европските дози на вакцини Фајзер што Австрија ги испраќа во земјите од Западен Балкан беа распределени во април по потреба.
Босна и Херцеговина доби најмногу, следена од Албанија и Македонија.