Во меѓувреме, велат од ВМРО-ДПМНЕ, во Македонија три дена вакциналните пунктови беа под клуч.
-Се разбира дека ќе се под клуч кога има само вакцини за оние кои треба да се ревакцинираат, но нема за лица кои сакаат, ама и треба да се вакцинираат. А зошто Филипче би мислел дали граѓаните се вакцинирани, кога ќе стекнат имунитет, што во пресрет на евентуалниот четврти бран, па тој си има работа. Филипче си ангажира ПИ-ар, си плаќа од парите на народот за да му кажат како да се изрекламира, дека треба во личната промоција да вклучи и некое дете. Срамота! За разлика од СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ е тука исклучиво за граѓаните, затоа предлагаме Владата да ги компензира трошоците на македонските граѓани кои одат на вакцинација надвор од Македонија“, стои во писмената реакција од ВМРО-ДПМНЕ.
Додаваат дека на сите граѓани на Македонија кои плаќаат даноци тука, плаќаат здравствено осигурување тука, а имаат дополнителни трошоци за пат до вакциналните пунктови во соседните земји, владата треба да им ги рефундира трошоците.
-Тоа се трошоци настанати по вина на Филипче и Заев, затоа и треба да си ги платат. Доста Филипче и Заев мислат само на својата екипа и ги делат граѓаните на граѓани од прв ред и граѓани од втор ред“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.