Затоа, редакцијата на Радио Лидер реши да ги сподели сите достапни материјали поврзани со датумот за почеток на преговори кој Заев и СДСМ го ветуваа уште во својата програма, но и годините потоа.
Најдобар вовед за оваа прилика би била „историската“ фотографија од авионот, според која Заев, Османи, Димитров и Анѓушев среќни го дочекале датумот за старт на преговори со Унијата од јуни 2018 година.
Во прилог и неколку видео материјали од сите овие ветувања за европска иднина на премиерот Заев и сите прогласувања на успешната дипломатија, која резултираше со (барем според владата) почеток на преговори со Европската Унија.