Инцидентот се случил на средбата на митрополитите во Атина, во врска со 37-годишното свештено лице, на кое му претстоело сослушување за наводни прекршоци во врска со дроги, кој по нападот е приведен неповреден и протворен.
Нападот со киселина го извел јеромонах од Епархијата во Верија по одлуката за отстранување од службата, којашто ја донел Синодалниот суд, на кој учествувале седуммината митрополити.
Полицијата ги идентификуваше жртвите како митрополитите владици Антониос од Глифада, Кирилос од Кифисија, Калиникос од Арта, Никодимос од Касандра, Дионисио IV од Закинтос, Димитриос од Гуменисис и Андреас од Дринуполис.
Меѓу повредените е и полицаец кој помагал во задржувањето на осомниченио, како и адвокат и челникот на духовниот собир. Тие биле префрлени во државни болници во Атина, а за двајца свештеници се известува дека се во потешка состојба. Уште пет лица со полесни изгореници се лекуваат во болницата „Лаико Носокомио“.
Полицијата објави дека веднаш не било јасно за каква течност станува збор, но во соопштението се додава дека настрадатените медицински се третираат за изгореници.
Грчкиот министер за здравство Василис Кикилијас придружуван од архиепископот Иерониус ги посетил повредените во болнциите веднаш во средата вечерта, информирајќи се за состојбата на жртвите од инцидентот во манастирот Петраки.