МНР на Бугарија во денешната објава потсетувајки на позициите на Софија, ги открива и точките за кои како што тврдат во соопштението, се обврзала македонската страна на последната средба во Софија на 17 месецов…
Според МНР на Бугарија македонската страна изразила подготвеност во најкратки рокови Скопје да потврди пред ОН дека името РСМ не го означува географскиот регион Северна Македонија, кој се наоѓа во Бугарија.
-По испорачањето на оваа вербална нота Бугарија веднаш ке запре да настојува да се употребува долгото име Република Северна Македонија
Втората точка е дека Македонија ќе запре со малцинските претензиии кон Бугарија потврдувајки дека нема историски ,етнички и други основи да бара малцински статус на било која група на луге кои не се нејзини граѓани на територијата на Република Бугарија.
– Ова би било во согласност со клаузулата за немешање во внатрешните работи на Бугарија, утврдена во чл. 11 ст. 5 од договорот од 2017 година;
Трето Македонија да почне процес на рехабилитација на жртвите од југословенскиот комунузам репресирани на нејзина територија поради бугарските чуства.
– Овој историски гест од страна на Република Северна Македонија во пракса би го одразувал нашиот заеднички европски цивилизациски избор;
Во четвртата точка преземна била обврска Македонија со Бугарија да ја адаптира содржината на наставните програми со цел објективно да се прикаже заедничката историја, како централен елемент во преамбулата на договорот за добросодество.
И петто, заедничко идетификување и отстранување на таблите и натписите на територијата на Македонија кои шират омраза кон Бугарија и Бугарите, се наведува во објавата на МНР на Бугарија.
Бугарскиот министер за надворешни работи Светлан Стоев денеска испратил писмо до македонскиот министер Бујар Османи, во кое изразил „очекување за исполнување на преземените обврски од Република Северна Македонија, како и подготвеност на бугарската страна да се најдат трајни и одржливи решенија”.
Бугарската страна ,исто така изразува подготвеност за конструктивен дијалог за време на претстојното Словенечко претседателство, како и за време на следните Претседателства на Советот на ЕУ, со цел да се постигнат реални и одржливи резултати во процесот на проширување на ЕУ со Западен Балкан.