Ова денеска го изјави градоначалничката Петровска за емисијата „Директно“ на ТВ Тера.

Таа изјави дека ваквата одлука ја донесла откако била предложена во најголемиот број месни организации на СДСМ и по согласноста која ја добила од нејзиното најтесно семејство.

Наташа Петровска е прва кандидатка од СДСМ која јавно соопшти дека официјлно поденела кандидатура за градоначалничка на Битола.

Во трката за градоначалник за Битола од СДСМ конкурирале над петнаесетина кандидати, што е уште една потврда дека во владеачката партија интересот за градоначалник на Битола бил мошне голем. Меѓу нив има нови и непознати кандидати, но и голем број познати имиња на СДСМ од Битола.