Портпаролот на Владата Душко Арсовски на прес-конфереција одговарајќи на новинарско прашање рече дека доколку има нови предлози од Комисијата, Владата ќе ги разгледа и оти јавноста ќе биде информирана за одлуките.
Арсовски повтори дека во понеделникот бил продолжен полицискиот час до 6 април, дека се следи епидемиолошката ситуација и оти министерот за здравство Венко Филипче рекол дека не се исклучува заострување на мерките, како и дека нема недостиг на болнички капацитети.
Во однос на непочитување на мерките за заштита од Ковид-19 од страна на функционери, одговарајќи на новинарско прашање портпаролот апелираше мерките да се почитуваат потенцирајќи дека никој не е над правдата.