Тој потенцираше дека е крајно разочаран и револтиран поради манипулацијата на Филипче и Заев во однос на набавката на вакцини. Тој вели дека Филипче и Заев држеа прес конференции уште на почетокот на оваа година, каде што велеа дека вакцините се набавени и штотуку не стигнале, за сега јавноста да сведочи на нешто сосема друго.
– Филипче треба да знае дека неговите лаги и манипулации можеби нему му ја сочувуваат позицијата уште некој ден повеќе, но тие лаги премногу ги болат оние семејства кои за жал изгубија свои блиски и тоа е штета која што е ненадоместлива на никаков начин, вели Милошоски.
Пратеникот посочи дека не е коректно четири месеци по ред да им велите на граѓаните дека Македонија е една од земјите кои добро се справуваат со кризи и дека веќе набавила голем број на вакцини, а граѓаните јавно имаа шанса да видат како пристигна едвај едно мало пакетче со вакцини, кое што не дава ниту малку надеж дека нешто повеќе ќе стигне од тоа.
– Наместо да трошат енергија на формирање фантом фирми во Кина и да договараат провизии, тие прво требаше да ги обезбедат вакцините и да се спасат стотици животи во Македонија, но за жал, на нив најважни им беа парите кои веќе ги планирале помеѓу нив. Владата не само што можела, Владата морала да вложи силни капацитети за да привлече некој од производителите на вакцини да испрати вакцини како што доликува и вакцинацијата да тече согласно потребите на граѓаните, истакна Милошоски.
Владата, вели тој, се навикна секогаш кога нема каде да оди откако ќе ги потроши лагите да активира нови мерки кои што не помагаат во борбата со бројките на заболени, за потоа да речат дека истите мерки се користеле насекаде низ Европа.
– Би се согласиле дека се користат и во Европа, но во Европа има и вакцини, а не лаги и манипулации, заврши Милошоски.