„Сакам во име на ФФМ да посакам желба за успеси на новиот селектор. Доаѓа потполно подготвен за нови успеси и нови победи. Ти си човекот кој го регенерираше македонскиот фудбалски крвоток, создаде фудбалери кои имаат настапи на две ЕП – младинско и сениорско, и сигурни сме дека тој пат мора да продолжи.
Македонската репрезентација покажа дека има сила и квалитет, сега треба да покажеме карактер и да ги израдуваме нашите навивачи. Ви посакувам среќа и успех во сите предизвици и се надевам дека ќе создадеме трајно наследство за фудбалот во Македонија. Јас и Управниот одбор сме убедени во потенцијалот на фудбалерите. Иако бројката на дресот е важноста на договорот, се надевам дека ќе соработуваме уште повеќе.
Со Европското првенство ние не ставивме крај на фудбалот и на нашите успеси. Главна цел ни е следното ЕП, да ја продолжиме традицијата. Дај Боже да играме и на СП, но тоа е преголема цел за сите нас да ја поставиме за целата репрезентација со новиот селектор. Така што, оние цели за кои разговаравме се пласман на следното првенство“, изјави Сејдини.
Благоја Милевски е селектор на А-тимот од 1 август, а неговото место во У21-репрезентацијата го презеде поранешниот селектор Драган Канатларовски. Македонија првпат ќе игра под негово водство во септемвриските квалификации за СП 2022.