Продолжува вртоглавиот раст на криптовалутите. Биткоинот после неколку месеци се врати на 50.000 долари, а криптовалутата која се наоѓа веднаш зад Биткоин и Етериум, АДА Кардано достигна рекордни 2.85 долари.

Пишува: Никола НИКОЛОВСКИ

Вртоглавиот раст на третата најголема криптовалута по обрт на пазарот се должи на тоа што оваа валута денеска ќе биде регистрирана на јапонската берза. На оваа берза многу е тешко да се влезе, но откако ја регистрираа многу брокери решија да купат пред да се тргува и таму.

Оваа криптовалута има доживеано раст од 110% за еден месец, или повеќе од 2200% за една година. Оттука, се наметнуваат многу прашања.

Што е АДА Кардано и дали уште ќе расте?

Создадена за испраќање, како и за примање дигитални средства преку криптографија, технологијата Кардано ја сочинува иднината на бизнисот со купување и продажба на дигитални средства.

Работи на еден безбеден блокчејн e флексибилен: ова значи дека може да го користат илјадници и илјадници корисници. Се разликува од другите криптовалути (како што се, на пример, Ethereum, Bitcoin, Polkadot) за неговите специфични цели: пред сè, има за цел да подобрување на брзината на трансакциите (познато како Smart Contact), а згора на тоа, се користи за минимизирање на надоместоци за размена, односно ниски провизии.

Кој е основач на оваа криптовалута?

Чарлс Хоскинсон, познат математичар, го создал платформа во средината на 2015 до 2017 година, но работи во оваа област од средината на 2013 година, тој имаше ко-учество во создавањето на Ethereum. На почетокот, криптовалутата беше позната како IOHK (влезен излез Хонг Конг). Интересно е да се знае дека во минатото овој човек има работено и за развивање на втората најголема криптовалута, Ethereum, но отпосле целосно се насочи само на Кардано.

Фото: Investing.com

Како да купите Кардано?

АДА, позната и како Кардано, може да се купи на платформи кои нудат услуга за размена на криптовалути, најчесто наречена Размена.

Заклучок

Основачот на оваа валута, која моментално вреди околу 2.80 долари вели дека ова е само почеток на една нова приказна и предвидува дека оваа криптовалута ќе расте до неверојатни 150 долари. Иако за многумина оваа сума е нереално висока, сепак долгорочно предвидуваат дека оваа „дигитална паричка“ допрва ќе расте.

За крај, мора да се напомене дека тргувањето со криптовалути е ризично и дека секој тргува со нив на сопствен ризик. Во Македонија тргувањето со криптовалути е дерегулирано, односно ниту е легално, ниту е забрането, а повеќе за тоа може да прочитате ТУКА.

– Кај нас, како и во други земји, прашањето на издавање, вложување и тргување со крипто-средствата не е регулирано, вклучително ниту во Законот за девизно работење (и неговите подзаконски акти) којшто го регулира и работењето со странство. Сепак, ова не значи дека работењето со крипто-средствата е недозволено, туку во моментов тоа е нерегулирано, велат од Народната банка.