Дваесетитригодишен жител на Охрид заработи кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“
Како што соопшти Министерството за внатрешни работи лицето е осомничен дека на 25 месецов околу 22 часот, запалил две патнички возила, „Опел Виваро“, со охридски регистарски ознаки и „Сеат Ибица“, со скопски регистарски ознаки, паркирани пред хотелски објект во Охрид.
Вработени во хотелот „Аквалина“ лоциран во туристичката населба Свети Стефан крај Охрид ексклузивно за новинската агенција Охрид Скај сведочеа дека време на полициски час лице, држејќи канта бензин во раце ги полива две возила кои се наоѓале на паркингот едно возило во сопственост на хотелот Аквалина. Еден од сопствениците на возилата бил од Прилеп, гостин на хотелот во Охрид, а другото опожарено возило комбе било во сопственост на хотелот.