Тој кажа дека загубата е огромна, но и дека не мисли дека целата Влада треба да си поднесе оставка.
–Огромна е трагедијата, загубата е огромна. Најтешко им е на семејствата на загинатите, рече Заев и дополни:
-Не мислам дека цела влада треба да си поднесе оставка, изјави Заев.
На новинарско прашање дали министерот во оставка Венко Филипче и натаму доаѓа на работа, Заев одоговори:
–Филипче доаѓа на работа, се додека правно не бидат завршени сите работи, и до доаѓање на нов министер тие ќе ги извршуваат обврските, рече Заев.
На крајот Заев кажа да се остават професионалците да ја завршат работата, и потоа ќе бидат дадени сите одговори околу трагедијата во Тетово.