Тој претходно посети пожари во Калифорнија и Ајдахо, додека бури во други делови на земјата предизвикаа поплави и однесоа десетици животи.
Тропската бура Николас ги погоди бреговите на Тексас и Луизијана вчера, предизвикувајќи поплави и прекин на електричната енергија во стотици илјади домови.
Бајден го користи патувањето за да добие поддршка за планот за трошоци за инфраструктура, чија цел е справување со зголемената закана од климатските промени, јавија американски медиуми.
– Треба денес да ги направиме инвестициите што ќе ги забават климатските промени, а не утре. Освен загубените и уништени животи минатата година, лошото време ја чинеше Америка 99 милијарди долари. Оваа година, овој рекорд ќе биде надминат, со штета од над 100 милијарди долари, рече Бајден.
Тој вели дека причината за временските неприлики и штетите се климатските промени.
– Јас поставив цел за САД – да постигнат намалување од 50 до 52 проценти на емисиите на штетни гасови до 2030 година. Можеме да го постигнеме тоа на начин што ќе создаде добри работни места, ќе ги намали даноците за потрошувачите и бизнисите, што ќе не направи глобални лидери во целосно нова индустрија, додаде Бајден.