Тој рече дека победи разумот артикулиран од страна на лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски. Стоилковски потсети дека Мицкоски повикуваше на ваков чекор уште додека беше хоспитализиран.
– Надвладеа разумот, надвладеа и искуството. Ако земеме предвид дека Заев денеска рече дека и во септември е можно да има корона, нов бран, меѓутоа јас би потсетил и на ланскиот периот кога се бараше одложување на изборниот процес за кој исто вака имаше тешки битки за да се одложи за крајот на август, почетокот на септември меѓутоа власта не доволи и се случуваше иборен процес во бран на корона, а веќе следниот период кога кривите покажуваа дека ќе има намалувањето, токму тоа и се случи – опадна бројката на ширење на вирусот. Истото се случува и сега со тоа што овој бран е многу полош од оние со кои се соочувале досега, рече Стоилковски.