Талибанскиот заменик гувернер на покраината Мавлави, Шир Ахмад Амар изјави дека мажите се убиени во директни судири со талибанските борци откако претходно киднапирале еден трговец и неговиот син кои подоцна се спасени.
-Нивните тела се обесени на градските плоштади како пример за другите. Обесени се за веќе никој да не се осуди да направи такво злосторство , изјави Амар.
Во видеото објавено на социјалните мрежи се гледа тело на еден маж во ланци натопено во крв , кое е обесено со дигалка на главниот плоштад во градот Херат.