Тој е повикан како сведок на обвинетиот Владимир Атананасовски. Денеска и на следното рочиште доказите ќе ги образоложува Атанасовски по што почнува одбраната на останатите обвинети во овој случај за собраниските настани.
Во Кривичниот суд Скопје за денеска е предвидено да продолжи судењето за предметот „27 април”. На претходното рочиште за случајот за собраниските настани на 27 април 2017 година беа изведени материјални докази предложени од одбраната на Миле Јанакиески.
Овој случајот се наоѓа во доказна постапка и го води судијата Илија Трпков, а застапник на обвинението е обвинителката Вилма Русковска.
Обвинети во овој предмет се поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, ексминистрите за транспорт и врски, и за образование, Миле Јанакиевски и Спиро Ристовски, како и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски.