– Нашата намера не беше да предизвикаме криза, туку да ги заштитиме суверените права на Турција, рече Ердоган.
Десет амбасадори од САД, Канада, Франција, Финска, Данска, Германија, Холандија, Нов Зеланд, Норвешка и Шведска во заедничка изјава на 18 октомври повикаа на „брзо и правично решение на случајот“ Осман Кавала, кој е во затвор од 2017 година..
Ердоган ова го протолкува како „напад“ и „навреда“ за турското правосудство, пренесува Бета.
– Моја задача, како шеф на државата, беше да го дадам потребниот одговор, додаде турскиот претседател, истакнувајќи дека турските судови не примаат наредби од никого.
– Нивното ново соопштениеа покажува дека се повлекоа, рече Ердоган откако 10 земји во изјавите потврдија дека дејствуваат „во согласност со член 41 од Виенската конвенција“, кој ги регулира дипломатските односи и забранува какво било мешање во внатрешните работи на земјата домаќин.
Ердоган во саботата соопшти дека наредил што поскоро протерување на тие 10 дипломати, иако таа објава не била придружена со официјално известување испратено до дадените земји.