Како што најавивме во време на финансиска криза ги кратиме и ги намалуваме непродуктивните трошоци. Од денес па во наредниот период јас како градоначалник, но и идните функционери под локална самоуправа, идните директори на јавните претпријатија нема да користат службени возила. И на овој начин истите возила ќе ги ставиме во функција на службите на Општина Штип за да бидат сервис према граѓаните, изјави денеска новоизбраниот градоначалник на Штип Иван Јорданов.

Со ова ги кратиме непродуктивните трошоци, но и ја подобруваме функционалноста на Општината, потенцираше Јорданов.