Лидерот на Беса, Биљал Касами на својот Фејсбук профил истакна дека го исклучува Кастриот Реџепи од партијата.
Касами додава дека оваа одлука стапува на сила веднаш.
„Кастриот Реџепи кој пред неколку дена не се појави во Собранието, за да го поддржи предлогот за недоверба на Владата, со што постапи спротивно на одлуката на партијата и сериозно го наруши престижот на партијата. Движењето БЕСА, односно јас како лидер на партијата, согласно статутарните норми, односно член 14 став 3 точка 3.3 од Статутот на Движењето БЕСА, го исклучувам горенаведениот член од сите партиски функции и член на Движењето БЕСА“, пишува Касами.