Мицкоски рече народот и понатаму тешко живее, дека не сме поместени ниту еден милиметар на патот кон ЕУ, здравството не е целосно бесплатно, нема модерно образование и дека немаме реална борба со криминалот и корупцијата, нешто за кое Заев ветувал дека ќе се случи.

Мицкоски ја коментираше и блокадата на соседна Бугарија за почеток на преговори со Европската унија.

-Овој спор е новосоздаден и е исклучиво последица на тоа што Заев ветуваше премногу на Бугарија, иако знаејќи дека тоа е штетно за Македонија и не е во состојба да го испорача. И во тој контекст немаме право да се бунтуваме против Бугарија, бидејќи природно е тие да ги штитат своите интереси, но она што навистина боли е што нашата држава ја водат луѓе кои се подготвени да прифатат се, да се пазарат со се. Не е во прашање на недостиг на разбирање од двете страни, туку недостиг на мудрост од македонската влада. Премиерот кога ги произведува тие ветувања кон Софија не се води од потребата за заштита на државните интереси, туку од потребата да си ја обезбеди фотелјата ден повеќе. Токму затоа се служи со измами кон соседите, но најважно таквите измами се кон сопствениот народ. Нашите црвени линии се составени во резолуцијата што ВМРО-ДПМНЕ ја поднесе а со консензус беше изгласана во собранието а која ја содржи потребата за почитување на нашата посебност и јазичен идентитет, рече Мицкоски.

Запрашан дали го поддржува членството на Република Македонија во НАТО, Мицкоски посочи апсолутно да и дека не може да биде против, бидејќи најкрупните реформи за членство во НАТО се правени токму од владите на ВМРО-ДПМНЕ.