Блиски на поранешниот градоначалник појаснија дека Димитриев првин бил во болница во Кавадарци една недела, па во Скопје. Таман бил малку поарен, нагло му се влошила состојбата па починал.

– Зошто најдраг пријателе, зошто не напушти прерано, а се уште сонуваше да создаваш за Демир Капија? Твоите дела за твојата драга Демир Капија останаа за век и векови, ти замина во вечноста, а сепак ја остави вечноста меѓу сите нас. Ми беше чест што те имав за пријател и ти бев прв соработник. Почивај во мир, шефе, напиша Мојсов на својот фејсбук-профил.

Зошто најдраг пријателе, зошто не напушти прерано, а сеуште сонуваше да создаваш за Демир Капија???
Твоите дела за…

Posted by Petar Mojsov on Sunday, April 4, 2021