Пандемијата, енергетската криза, покачениот животен стандард, војната во Украина… придонесе за зголемување на депресијата кај населението, особено кај повозрасните лица кои ги демне опасноста од ансиозно-депресивно однесување.
Државата мора да направи нешто во смисла на ублажување на тој психолошки шок што се случува во моментот, а тоа значи да се избегне дел од тоа што ние на некој начин сите го очекуваме а тоа е дека нешто страшно ќе се случи, вели социлогот, проф. Д-р Илија Ацески.
Она што го прави Владата со пакетот мерки, може да значи нешто, но понатаму следи уште поголемо разочарување, кога најголемиот дел од тие мерки нема да го дадат очекуваниот резултат на подобрување, додава Ацески кој смета дека таа состојба и тоа како ќе влијае врз психошката состојба, особено кај оние што се на работ на егзистенција.
Смета дека во овие моменти мора да се дефукусираме од лошите вести и да се посветиме на себе и додава дека ние како поедници не можеме да ги решиме кризите, но можеме барем да не бидеме изложени така сурово на таа медиумска машинерија која што ги влече последните атоми на едно нормално живеење.
Лидер: Живееме во време на неколку кризи, воен конфликт кој индиректно се рефлектира и кај нас, цените на двено ниво растат. Вчера Владата донесе пакет од 26 мерки со цел да се ублажат последиците од кризите, но доцна синојќа Регулаторна потвторно ги покачи цените на горивата кое пак повлекува раст на цените на сите добра и услуги.Од ваша гледна точка, како граѓанинот да се справи во состојба кога вртоглаво растат цените? Како ќе преживее обичниот македонски граѓанин?
-Мислам дека е ова е тешко време. Несомнено. На глобално ниво ние како Македонија не можеме да промениме нешто во тој поглед. Ние сме една од најсиромашните земји во Европа, меѓудругото. Но може државата да направи нешто во смисла на ублажување на тој психолошки шок што се случува во моментот, а тоа значи да се избегне дел од тоа што ние на некој начин сите го очекуваме, а тоа е дека нешто страшно ќе се случи.
Сепак треба, меѓудругото пооптимистички да се гледа од таа смисла. Иако ова што го прави Владата со пакетот мерки, може да значи нешто, но следи понатаму уште поголемо разочарување кога најголемиот дел од тие мерки нема да го дадат очекуваниот резултат на подобрување. И тоа е таа моментална психолошка состојба која што, особено кај оние што се на работ на егзистенција ќе ги покори во една смисла дека нивниот живот е на некој начин загорзен.
Лидер: Како да се однесува македонскиот граѓанин во една ваква ситуација. Кога секој денар му е пресметан и не стигнува за да се помине месецот?
-Сега започнува еден процес кој прогдолго трае, едно рационално однесување тоа значи она што е најнеопходно тоа и се набавува. Тоа и ќе има други ефекти врз самата трговија, во економијата.
Но мора барем во таа јавна сфера во медумската, да не се зголемува таа нервоза дека ете нешто уште пострашно ќе дојде. Тука лежи едно би рекол ослободување, олабавување на тој притисок силен кој го чувствуваат граѓаните. Инаку мерките како такви тие ќе даваат можеби некој моментален резултат, но како што тргнаа работите, тоа не е баш така. Го губат тоа значење, тој ефект и се јавува уште поголема нервоза, неверување дека може нешто позитвно да се случи.
Лидер: Што предлагате вие како социлог? Како да се преброди оваа состојба?
-Една од тие мерки , која е надвор од тие економски мерки, е дека мора да се бараат некои начини во сферата на она што е социјално, она што на некој начин ќе го амортизира тој психолшки шок низ различни форми, па дури во сферата на културата, театарот, духовната култура.
Да не се сведе сето тоа на една гола борба за опстанок каде што се трошат последните атоми на човековата енергија, и да има тешки последици врз човековиот живот.
Тука гледам дека да се браат тие начини, форми на изразување на еден живот кој што ќе се наметнува, кој ќе каже дека не е се така црно! Дека животот сепак тече и понатаму и да се даде една надеж дека за брзо време ова ќе се преброди и ќе избегнеме уште поголема катастрофа.
Колку и да звучи вака чудесно на прв поглед, но содржи една важна нишка за социо-психолшката состојба на човекот…ние не сме само битија кои се борат само за гол опстанок, туку ние треба да опстанеме и да го надоградуваме духовното и да ја подобруваме социо-психолошка состојба преку вакви активности. Треба да го почитуваме сопствениот живот и заедницата во која живееме.