Предвидена е исплата на К-15 само за членовите на Синдикатот на управата, правосудните органи и здруженија на граѓани (вработени во министерствата, општините, судовите, обвинителствата, државното правобранителство, казнено-поправни и воспитно-поправни установи, центрите за социјална работа, јавните установи…).

Во февруари 2020 година Овој синдикат потпиша грански колективен договор со Владата со кој е предвидена и исплата на регрес за годишен одмор.

Од УПОЗ велат дека овој колективен договор има сила на закон и дека ако не се исплати регресот, работниците може да го бараат по судски пат.

Ова значи дека К-15 нема да има за вработените во образование, здравство, полиција и одбрана и јавните претпријатија формирани од единиците на локалната самоуправа. Вработените во овој дел од јавниот сектор имаат посебни синдикати и не се опфатени со овој колективен договор.

Токму вработените во образованието, здравството, полицијата, одбраната и комуналните претпријатија за време на пандемијата одеа на работа за разлика од вработените во управните органи кои одеа во смени или повремено и не одеа на работа.