Ова е петти пат како земјата се појавува на пазарите на капитал и како прелиминарен дел од овој план се предвидува да се најде консултант што ќе и помогне на Албанија да влезе на меѓународните берзи со цел да ги искористи најповолните услови.
Оваа одлука е објавена во Службен весник во која се наведува дека дел од еврообврзницата ќе се искористи за рефинансирање (отплата) на стари долгови, додека остатокот за финансирање на потребите на буџетот на државата.
Во јуни 2020 година, по четвртпат Албанија се задолжи со еврообврзница од 650 милиони евра, со каматна стапка од 3,6% и рок на достасување од 7 години.
Првпат тоа го направи во 2010 година кога позајми 300 милиони евра, вторпат во 2015 година со 450 милиони евра и третпат се задолжи со 500 милиони евра во 2018 година.
Во официјалната објавува се покажува и значителното зголемување на расходите и буџетскиот дефицит.
Според нормативниот акт, трошоците ќе се зголемат за 11,8 милијарди лека до крајот на 2021 година кога се очекува да достигнат 610 милијарди лека од 598 милијарди што беа предвидени во претходниот акт.