„Функционерите кои што се во енергетскиот сектор поприлично ќе одговараат пред правдата бидејќи крадат во услови кога луѓето плаќаат 4 до 5 пати повисока цена на електрична енергија“, истакна Александар Николоски, пратеник и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во утринската емисија на радио Лидер.
Николоски додаде дека прашањето околу греењето е доста сериозно прашање со кое што се докажува само неспособноста на власта да се справи со енергетската криза.
„Прашањето околу греењето е сериозно прашање, и има неколку аспекти. Прво, тоа што ние на 19 дена пред почетокот на грејна сезона не знаеме дали ќе има или ќе нема парно греење во Скопје многу зборува за тоа какви неспособни бандити ја водат државата. Затоа што на 20-тина дена пред почеток на грејна сезона се уште немаат обезбедено гас, ниту имаат поим од кај ќе го обезбедат. Второ, греењето не го погодува само Скопје, туку ја погодува цела Македонија. Најголем дел од институциите се наоѓаат во Скопје, затоа што бројни луѓе од внатрешноста доаѓаат. Тука се и граѓаните кои поради здравствени причини доаѓаат на Клинички центар. Или пак граѓани од внатрешноста доаѓаат за да извадат некој документ од министерство или пак Владата. Трета работа зошто греењето го погодува и остатокот на државата е затоа што доколку во Скопје нема греење, природно луѓето ќе треба да се вклучат на електрична енергија затоа што најголем дел од зградите немаат инфраструктура за друг вид на греење. И во тој случај енормно ќе поскапи цената на електричната енергија, но и ќе паѓа мрежата и не ќе можат да се згреат и луѓето кои што живеат надвор од Скопје“, појасни Николоски.
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ посочи дека Македонија веќе неколку месеци наназад е во сериозна економска криза затоа што компаниите плаќаат за 500% повисоки цени на електричната енергија. На пример доколку една компанија до пред неколку месеци плаќала 10.000 евра месечно за електрична енергија, сега плаќаат 50.000 евра за електрична енергија. Тука е најголемата глупост на Владата е тоа што ги подели субјектите на домаќинства, мали индустриски капацитети и големи индустриски капацитети. И Владата ги остави големите индустриски капацитети да купуваат електрична енергија од берза, која што е за 5 пати повисока од тоа што беше претходно.
„Еден од основните двигатели на економијата во Македонија се странските инвестиции и најголем дел од луѓето кои што работат во Македонија, работат во странските инвестиции кои што носат најмногу од БДП. Дополнително јавноста знае дека со промената на власт и доаѓањето на Владата на СДСМ и ДУИ и тогаш Зоран Заев како премиер се прекина праксата на носење на странски инвеститори и во овие 5 еве шеста година на владеење на СДСМ и ДУИ во Македонија се влезени точно само два нови странски инвеститори, кои што најверојатно по некоја инерција дојдоа во државата. А, сите останати странски инвеститори кои што размислуваа за регионот отидоа во Србија и гледаме Србија какви резултати постигнува во тој де. Така што не се носат странски инвестиции во Македонија. Додека не се носат странски инвестиции во Македонија, Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони, тоа е дирекцијата која што ги менаџира зоните, слободните зони каде што компаниите доаѓаат и троши енормни пари за уредување на зоните. Значи дирекцијата која што не носи странски инвестиции и која што не овозможува да се отворат фабрики кои што би отвориле нови работни места и би го зголемиле БДП, троши пари за уредување на зони. Односно трошат пари за уредување на празни зони“, нагласи Николоски.
Тој рече дека од тоа може да се види дека Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони секој месец е многу активна во тендери, нема месец да не дадат некој тендер некому, ама инвестиции не доаѓаат.
„Јас ќе кажам четири на пример, на компанијата „Жикол“ дадоа два ипол милиони евра за уредување на технолошко индустриска развојна зона во која што нема нови странски инвестиции. На компанијата „Зобек“ и дадоа 500.000 за уредување на технолошко индустриска развојна зона во која што нема нови странски инвестиции. На компанијата „Стентон“ последно и дадоа два ипол милиони евра за уредување на уредување на технолошко индустриска развојна зона и царински терминал во зона во која што нема нови странски инвестиции. И последно на компанијата „МГИ инвест“ и дадоа четири милиони евра за уредување на зона во која што нема инвестиции“, појасни потпретседателот.
Николоски укажа дека може да се извади цела листа каде што Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони каде што може да се воочат огромни тендери и потрошени пари за работата на Дирекцијата како и за „уредување“ на зоните во услови кога не доаѓа ниту еден странски инвеститор, а тоа покажува дека од власта заинтересирани за привлекување на странски инвестиции не се, ама се заинтересирани за крадење.
„Ова е еден пример како се трошат парите на граѓаните и зошто нема поевтина електрична енергија и зошто не се решава проблемот со затоплувањето во Скопје. Затоа што ја троши енергијата, времето на вакви работи, за да се правата криминални зделки. И она што е исто така многу значајно во најголем дел од тендерите на Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони има само замислете по еден понудувач. Многу чудно само по една фирма се јавува, и никој друг нема интерес, ама после на пример таа фирма не се пријавува на следниот тендер туку некој друга добива интерес да се пријави. Што индицира, еве не можам да тврдам, но велам индицира дека се прават притисоци врз останатите компании да не учествуваат на тендери“, појасни потпретседателот.