Алијанса за Албанците, се чини дека се откажаа од барањето за отстранување на формулацијата од 20 проценти. Неколку изјави докажуваат дека експоненти на овој субјект велеа дека без 20 % нема да има уставни измени, пренесува Алсат.

„Ќе дадеме се од себе да се тргне 20%. Ќе дадеме се од себе да го тргнеме од уставот. Секој пат кога наши сограѓани ни велат дека сега не е време. Така беше во 2019 година кога се отвори Уставот, уште тогаш ни кажаа следниот пат. Сега е моментот….“, рече Арбен Таравари, претседател на Алијанса за Албанците.

Дури Таравари инсистираше дека сега е време да се подобри грешката што беше направена во 2019 година, кога тогашната партија предводена од Зијадин Села се откажа од 20 % поради членството во НАТО.

„Ние како АА ќе продолжиме да го туркаме нашето барање за отстранување на 20-те проценти кои го негираат албанскиот идентитет и да се вметне албанскиот јазик во Уставот. Ценам и верувам дека сега е моментот да се направи оваа промена“, додаде Таравари.

Но, се чини дека работите се променија. Министерот за правда, Кренар Лога, истовремено носител на процесот за уставни измени, вели дека во моментов не може да се даде алиби на ВМРО-ДПМНЕ да не ги поддржи амандманите.

„Барањето за отстранување на 20 проценти ќе остане така, но на ВМРО не можеме да му дадеме луксуз да не ја даде својата поддршка поради 20 проценти“, рече Лога.

Партијата на Таравари во ова образложение има поддршка само од ДУИ, а против се Алтернатива и Беса. Алијанса уште од своето формирање укажуваше на отстранување на 20 отсто од Уставот. Со ова беше условено и учеството во Владата. Сегашните нацрт-амандмани не ја вклучуваат интервенцијата во амандманот 5 од Уставот, каде албанскиот јазик е дефиниран како јазик што го зборуваат најмалку 20 отсто од населението.

Денеска и пратеникот Зендели од БЕСА изјави дека двајцата пратеници од оваа партија ќе гласаат за уставните измени откажувајќи се од барањето за бришење на 20 отсто.

Зборувајќи за Преамбулата, рече дека нема ништо против припадници на други етнички заедници да бидат ставени во неа и да бидат рамноправни.

-Со внесување на другите ентитети овде се губи значењето на нас како Албанци во оваа Прембула. Ние како движење Беса немаме проблем за внесување на Бугарите во Уставот, но дебатата може да предизвика поделби во општеството. Дел од дебатата требаше да биде и прашањето за 20 отсто, рече пратеникот на Беса.