Здружение за заштита на работничките права Гласен Текстилец – Штип не е вклучен и е изземен од носење на одлуки, во Економско-социјалниот совет. Претседателката Кристина Ампева, е скептична дека она што Владата го преговара со дел од синдикатите и без доволен број на експерти ќе го донесе најдоброто решение за работникот.
Вели дека проблематичен е и самиот предолг закон за изменување на минималната плата поднесен од Левица за кој јавно никој не зборува дека минималната плата ќе зависи од волјата на работодавачите?!
Без да се донесе мислење од Економски социјалниот совет, Министерот за труд не ќе може да направи покачување на минималната плата. Значи во самиот старт ние имаме климави нозе.
Покачување на минималната плата преку субвениционирање на работодавачите не е решение, вели Ампева.
Лидер: Гласен текстилец е исклучен од прегворите за покачување на минимална плата, од економски-социјален совет. За што се преговара, што е она што се нуди и дали текстилците се задоволни од понуденото решение за минимална плата?
-Проблематичен е самиот Предлог Закон за измени на Закон за минимална плата. Во членовите 1 и 2, Став 2 стои дека усогласувањето или покачувањето на минималната плата се носи од Министерот за труд и социјална политика по претходно мислење на економско-социјалниот совет . Ние сме свесни каде живееме и затоа прашањето ми е на кое треба да одговри и политичката партија која го предложила законот Левица и Сојузот на синдикати којшто го доставил тој предлог до политичката партија Левица, дали за нас покачувањето на минималната плата ќе зависи од добрата волја на работодавачите кој што се вклучени во социјално економскиот совет? Тоа е првото прашање.
Дополнително стои процентуално а не точен износ за зголемување, што е дополнително прашање кое треба да го кажат синдикалците од ССМ до работниците и до целата македонска јавност. Има контровериззи во самиот предлог закон.
Без да се донесе мислење од ЕСС, министерот за труд не ќе може да направи покачување на минималната плата. Значи во самиот старт ние имаме климави нозе.
Дополнително што се бара од дел работодавачите вклучени во ЕСС, ново субвенционирање при покачување на минималната плата. Тоа значи дека пак народни пари од државниот буџет ќе завршат во нечии џебови. Исто како што беше при првичното субвенционирање на минималната плата кое ние го инициравме 2017. Знаеме дека имаме исплати и по 2 денари, а дали тоа значи дека новото субвеницонирање , новото трошење на народни пари ќе заврши во нечии џебови исто како што заврши со сетовите на економски мерки со злоупотребите на таа државна помош. Ние знаеме каде живееме. Ние живееме во држава каде владее корупција, ние живееме во држава каде системот дозволува плати од 2 денари, ние живееме во една држвана каде што се носат вакви некои закони, мерки и решенија кои се претставуваат медиумски како дека некој се грижи за работниците, а во суштина сето тоа се носи зад затворени врати со многу прашалници барем за таквите како нас што искрено се залагаат за правата и благосостојбата на работниците во државата.
Тука имаме реални прашања и проблеми. Едноставнонекако се замачкува таа слика: аха покачување, добро! А како до тоа покачување? Се дадоа ли решенија? Субвеницонирањето не е начин.
Ние не можеме на терен да изиграваме детективи кој работодавач ги изиграл парите, дали завршиле кај работниците.
Дали ќе имаме повторно враќање на она против кое се боревме како здружение изминатите години. Она враќање на дел од плата назад кај газдата!
Како ќе го докажуваме тоа.
Се носат решенија зад затворени врати и сакаме тоа да функционира!
Нема да функционира без вклученост на таквите како нас, кои секогаш соодветно биле тука и давале решенија, давале известувања за состојбите од терен. Ние имаме економисти кои со задоволство би се вклучиле во системски решенија, а не во замачкување некакво.
Дополнително, ние имаме ослободување на една од најбогатите индустирии на ИТ секторот, таква мерка најави Ковачевски дека ќе бидат ослободени од даноици.
Како планираме ние да го полниме државниот буџет?
Да ги злоупотребуваме парите кои завршуваат во џебовите на работодавачите, да ги ослободуваме најбогатите индустрии и кого ќе оданочуваме? Работниците со минимални примања!
Значи има решенија кои се направени во Црна Гопра. Платата во Црна Гора е покачена на 750 евра. Благодарение на тоа што некој седнал, отвориле врата, влегле сите експерти, сите здруженија, сите синдикати, сите бизнис конфедерации и направиле една стратегија за секој еден сектор!
Ние овде ги ставаме сите сектори во едно.И банкарскиот сектор и текстилниот сектор и оној кој што навистина има потреба од сериозна анализа и оние кои делат милионски дивиденди.
Лидер: Сметаате ли дека можеат да се договорт Владата, работниците и работодавачите?
За договарање ќе се договорат. Но како ќе се договорат, преку ново субвенционирање?
Паршањата се тие. Нивниот договор зад затворени врати е проблематичен и ќе направи дополнителни проблеми. Они не не повикаа да им кажеме што ќе се случува понатаму. Ако покчувањето на минималнатта плата е преку субвенционирање, па ние имаме ново задолжување.
Кого треба да задолжиме? Нашите деца, внуци кого?
Политиките кои се носат не се никакви системски решенија туку само замачкување на очите на јавноста. А дополнителено таквите експерти како на пр. Почитуваниот Суад Мисини, здруженија како Гласен текстилец, тие што биле иницијатори за покачување на минималната платане се вклучени.
И сега се носат некои решенија кои треба да се плаќаат од народните пари, а народниот буџет не е до парите на функционерите, туку од тоа што ние плаќаме даноци.
Револтираност постои, дополнително ќе постои од целата јавност кога ќе ги видиме ефектите од ваквите донесувања, незасоновани на анализи, незасновани на решенија, засновани асполутно врз основа на ништо и се носат зад затворени врати, додава Ампева.