Избори во четврток, зошто?

Британија гласа. Во четврточки термин што е несвојствен за вакви избори граѓаните излегуваат да го оставарат своето право. Една од причините зошто се гласа во четврток е да не се поклопи терминот со изборите во Франција.

Анкетите покажуваат водство на левичарската партија

Ова е прво национално гласање во земјата откако Борис Џонсон ја освои победата на Конзервативната паратија во 2019 година. Ваквото гласање се одржува по ненадејниот повик на премиерот Риши Сунак изборите да се одржат шест месеци пред предвиденото. Според анкетите кои многумина велат дека треба да се земат со резерва Британија ќе избере левичарска влада.

Тоа речиси сигурно ќе го стави 61-годишниот лабуристички лидер Кир Стармер во Даунинг стрит како лидер на најголемата партија во парламентот.

Власт на левицата по цели 14 години

Од 2010 конзервативците се на власт во Британија. Се очекува централно-левичарските лабуристи да победат на општите избори за прв пат од 2005 година, а сите анкети во пресрет на изборите ја предвидуваат нивната најголема победа во историјата.

Сепак, Стармер не зема ништо здраво за готово, апелирајќи ги гласачите да не остануваат дома.

„Иднината на Британија е пред гласачките кутии. Но, промената ќе се случи само ако гласате за неа“, вели Стармер.

Каде се гласа?

Утрово во 8 започна гласањето, а на повеќе од 40.000 избирачки места низ целата земја се гласа. Интересно е што се гласа од црковни сали, општински центри и училишта до поневообичаени локации како пабови, па дури и брод.

Резултати на полноќ

На полноќ радиодифузерите ќе ги објават излезните анкети кои вообичаено даваат точна оценка за настапот на главните партии.

Каков е моделот на гласање?

Резултатите од 650-те изборни единици во Велика Британија ќе бидат познати во текот на ноќта, а победничката партија се очекува да освои 326 места – прагот за парламентарно мнозинство – до зори следното утро. Изборите во Велика Британија се мнозински во еден круг. Лицето со најмногу гласови го зема мандатот, дури и да не надминал 50%.

Анкетите покажуваат дека гласачите ќе ги казнат ториевците по 14 години на власт.

„Разбирам дека луѓето се разочарани од нашата партија“, призна Риши Сунак на 3 јули. „Но, денешното гласање… е глас за иднината“, рече премиерот, цитиран од „Гардијан“.

„Сан“ застана на страната на лабуристите – клучна поддршка со оглед на тоа што таблоидот го поддржува победникот на сите избори веќе неколку децении.

Медиумите застанаа зад левицата

Објавувањето го следеше Фајненшл Тајмс, Економист и Сандеј Тајмс, како и традиционално левичарските весници Гардијан и Дејли Мирор, кои исто така ја поддржаа партијата.

Во меѓувреме, три главни анкети покажаа дека лабуристите се на работ на рекордна победа, при што ториевците се на пат за нивниот најлош резултат досега, а центристот Либ Демос се врати на третото место.

Анкети и предвидувања

Агенциите како YouGov, Focaldata и More in Common предвидуваа дека лабуристите ќе освојат најмалку 430 места, надминувајќи ги 418-те места што ги освои Тони Блер во 1997 година.

Триото агенции прогнозираат дека конзервативците ќе пропаднат на рекордно ниско ниво од помалку од 127 места.

Најџел Фараж се враќа во политиката

Либерал-демократите се на пат да освојат десетици места – повеќе од нивните сегашни 15, додека антиимигрантската партија Реформски блок на Најџел Фараж ќе добие само 2-3 мандати.

YouGov и More in Common предвидоа дека лидерот за Брегзит Најџел Фараж конечно ќе стане пратеник по осум неуспешни обиди.

Мандатот го доделува кралот

Доколку прогнозите се точни, Сунак ќе го посети шефот на државата, кралот Чарлс Трети, за да поднесе оставка како премиер. Тогаш, Стармер ќе се сретне со монархот набргу потоа за да ја прифати неговата покана да ја води следната влада како премиер.