Пишува: Давид САЛТАМАРСКИ

По најавата од медиумите како и официјалните изјави од МО беше обеледенето дека АРМ ќе се модернизира со нови пешадиски моторни возила, па по таа вест решивме да направиме анализа за тоа што набавуваме и која е потребата. За илустрација, владата за 2020 година на МО му додели на располагање околу 165 милиони евра или 1,37 отсто од бруто домашниот производ. Со ребалансот поради пандемијата на КОВИД-19, буџетот беше намален на околу 140 милиони евра, или на 1,27 отсто од БДП. Овие цифри се подолу од извиканите 2% од Буџетот за одвојување на армијата според „НАТО стандардите“. Секако, треба да се има разбирање за светската криза како и кризата во Македонија и разбирливо е да неможе да се одвојува поголема сума, но секако секогаш кога се крати од армискиот буџет првин се крати од набавката т.е. модернизацијата. Поради таа причина набавките ќе бидат преместени за втората половина од 2021 година.

Имено, според Министерството за Одбрана АРМ планира до 2028 година да набави 249 лесни оклопни возила на тркала, а покрај нив и специјални возила за специјалните сили и воената полиција, како и неборбени, односно транспортни и теренски возила.

Но што во суштина планира да набави македонското министерство за одбрана?

Министерството за одбрана направи набавка на околопни возила од типот JLTV (Joint light tactical vehicle – лесно тактичко возило, н.з.) од фирмата „Ошкош“, односно 33 возила од овој тип и 54 оклопни возила „Страјкер“ (Stryker Infantry carrier vehicle ).

Што е JLTV и кои се неговите способности?

Joint light tactical vehicle (лесно тактичко возило) е моторно возило за пренесување на војници.

Направено како дел за замена на возилото Humvee, американската армија ова возило го престави во 2006 година, иако во оперативна употреба влегува подоцна со одредени технички подобрувања. Со кое ниво на опременост и која од четрите варијанти ќе биде нарачано ова возило сеуште останува тајна во договорот помеѓу страните. Возилото се карактеризира со одлична мобилност, подобрена удобност и дигитализација. Производната цена на возилото според јавни извори се движи околу US$$230,000 и $270,000, но сепак цената по која АРМ ќе го набави возилото не е достапна на јавноста.

Максималната брзина достигнува 110км/ч, може да носи противоклопни тенковски ракети но дали и тие ќе бидат нарачани не се знае сеуште, иако по наше мислење постои потреба од опремување со таков тип на ракети, но не во многу голем број. Вграденото оружје на куполата може да биде од различен калибар односно 30 и 50mm. Главната негова намена е тактичко, лесно и брзо борбено возило, за транспорт на трупи. Значително подобрен од неговиот предок Humvee, ова возило на Ошкош има потреба од сервис на 11265.408км.

Покрај ова АРМ ќе набави 54 оклопни возила „Страјкер“ (Stryker Infantry carrier vehicle), кое го произведува фирмата „Џенерал Дајнамикс“, а чија набавка ја потврди и Defense Security Cooperation Agency.Иако постојат многу верзии специјализирани за разни задачи, овие возила ќе дојдат во три варијатни и тоа: командни возила, минофрлачка верзија и основен оклопен транспортер.

Ова лесно борбено возило е со погон 8×8. Возилото тежи околу 18 тони и е способно да пренесува едно одделение, a предниот оклоп е 14.5mm. Од страните и позадиима заштита од само 7,62мм, но со дополнителен керамички оклоп може да се подигне на ниво од 14.5мм низ целото возило. Брзина на движење му е 97 км/ч,што го прави доста маневрабилно пред се поради неговиот оклоп, а доаѓа во повеќе верзии со различна огнена моќ.Во набавените верзии најверојатно ќе биде со пушкомитралез од 12,7мм.Минофрлачките верзии во задниот дел поседуваат минофрлач од 122мм, а командните возила се со цел командување и не се наменети за директни борбени дејствија.

Постои можност за визуелно гаѓање и вмрежување со другите возила, па така нишанџијата од едно возило ќе може да има и приказ од другите возила каде се врши гаѓањето. Со GPS систем кој е вграден овозможено емеѓусебно следење на возилата со цел подобра координација. Страјкерите се проценуваат на 210 милиони долари, но тоа е максималкната цена и според мене чинам дека вистинската цена ќе биде од околу 30% помала од горе наведената.

Имајќи ги во предност безбедносните ризици со кои се соочува армијата, а пред се сметам на внатрешен конфликт или терористички закани, како и меѓународни операции, овие возила ќе бидат на ниво на задачата. Во случај на конвенционално фронтално војување можно е да би имале потешкотии. Во секој случај модернизацијата не би требала тука да сопре. Треба да се набават уште возила од овој или слични типови како и друга опрема потребна за војување во модерно време. Покрај оклопните возила, потребна е и друга опрема за модерно војување со фокус на дронови, самоодна артилерија, и други борбени системи.

Автор: Давид Салтамарски, политички директор на идеолошки и аналитички центар КОНЗЕРВАТИВ МК – асоцијативна членка на Европските млади конзервативци.