Според најновите економски податоци, германската економија се соочува со тежок предизвик, а нејзината иднина зависи од неколку фактори кои ги анализираше реномираниот портал „Еуроњуз Бизнис“.
Германската економија продолжува да биде под притисок, а за првпат по кризата Ковид-19 таа бележи пад од 0,3 отсто пренесе Ројтерс. Како што покажуваат последните економски податоци, со намалување на нејзиниот бруто домашен производ се јавува и прашањето „На што се должи ваквиот пад“ и „Дали може Герамнија да застане на цврсти нозе“?
Тридневниот штрајк го запре железничкиот сообраќај низ цела Германија
Ако се земе предвид протестот на земјоделците кои ја блокираа целата Германија, штрајкот на железничкиот сообраќај и слично, тогаш можно е овие 0,3 отсто пад да бидат само увертира на она што допрва во Германија следи.
За потсетување, пред само два дена околу 3.000 трактори, 2.000 камиони и околу 10.000 луѓе се собраа на голем протест во Берлин во близина до Бранденбуршката капија. Масовниот собир ја заокружи неделата протести против владата.
Што ја влече економијата на Германија?
Значителниот пад на станбените градби и новите нарачки, заедно со драстичниот пад на достапноста, се главни предизвици за економската моќ на Европа и таа ќе продолжи да се соочува со овие спротивставени ветрови во 2024 година.
Еве некои од работите што можеме да ги следиме за да го процениме здравјето на германската економија понатаму.
Станбени згради
Најпрво, секторот за изградба на станови во Германија во октомври покажа пораст на бројот на откажувања бидејќи 22,2% од компаниите откажале проекти, покажуваат податоците на економскиот институт ИФО. Тоа го означува најголемиот пораст од 1991 година.
Нови градби
Можеме да видиме и дека новите градби за градежништво се намалуваат, а компаниите известија дека падот на нарачките се зголемил од 46,6% во септември на 48,7% во октомври – за контекст, тој бил само 18,7% во октомври 2022 година. Што е неверојатни 166% од година во година.
Во Германија, градежниот сектор придонесува со 6% во БДП на земјата и претставува една петтина од вкупното производство и едно од 10 работни места.
Зголемени трошоци за материјали
Цените на суровините се за 40% поскапи отколку што беа пред Ковид-19, а каматните стапки беа зголемени 10 пати од страна на Европската централна банка (ЕЦБ), што резултираше со пад не само на куповната моќ на потрошувачите, туку и со влијание врз нивните доверба со зголемената инфлација.
Буџетска криза и иновации во финансирањето
Освен тоа, Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) на 23 ноември предупреди дека германската буџетска криза, која доведе во прашање милијарди евра планирани трошоци, може да ја попречи европската економија во следните неколку години.
Конфликтот на Блискиот Исток и енергетската нестабилност
Исто така, се додека трае војната на Блискиот Исток, не може да се исклучат изгледите за нова енергетска криза во Европа, и покрај тоа што залихите се 99% полни.
Германската енергетска интензивна индустрија веќе забележа пад на производството, паѓајќи за 17% под нивото на почетокот на 2022 година. Понатамошното зголемување на цените на енергијата може да го влоши ова.
На крајот се поставува и прашањето дали Герамнија направи грешка што го почаки минималецот.
Останува да видиме како германските министри ќе се справат со овие предизвици.