Дали во пензија ќе се оди на 67 години и ќе се зголеми старосната граница? Предлогот кој стигнува од Фискалниот совет децидно е одбиен од Владата. Од владејачката ВМРО-ДПМНЕ не поддржуваат зголемување на старосната граница за пензионирање. Според партијата тоа е затворена тема.

Во текот на вчерашниот ден портпаролката на Владата, Марија Митева ги демантираше шпекулациите за зголемување на старосната граница за пензионирање. Митева изјави дека прв приоритет на владата е покачување пензиите за 5000 денари, а за тоа има и соодветна методологија. Покачување на границата за пензионирање не е владина мерка, ниту најава. СДСМ и Левица упатија низа критики на сметка на владата игнорирајќи го официјалниот став со цел да ги манипулираат граѓаните.

Дали е вистина дека ќе се зголеми старосната граница за пензионирање: Портпаролката на Владата ги демантираше шпекулациите

Според многумина старосната граница за пензионирање и популаризацијата на оваа тема доаѓа токму од соседна Србија каде претходниот месец се покачи за жените.

Стандардни возрастни граници за пензионирање во европските земји:

  1. Албанија: 67 години
  2. Андора: 65 години
  3. Арменија: 63 години
  4. Австрија: 65 години
  5. Азербејџан: 62 години (мажи), 60 години (жени)
  6. Белорусија: 63 години (мажи), 58 години (жени) – постепено зголемување до 63 години за жените до 2023 година
  7. Белгија: 65 години
  8. Босна и Херцеговина: 65 години
  9. Бугарија: 64 години (мажи), 61 година (жени) – постепено зголемување
  10. Хрватска: 65 години
  11. Кипар: 65 години
  12. Чешка: 65 години
  13. Данска: 67 години
  14. Естонија: 65 години
  15. Финска: 65 години
  16. Франција: 62 години (со некои исклучоци и реформи во тек за постепено зголемување до 64)
  17. Грузија: 65 години
  18. Германија: 67 години
  19. Грција: 67 години
  20. Унгарија: 65 години
  21. Исланд: 67 години
  22. Ирска: 66 години
  23. Италија: 67 години
  24. Казахстан: 63 години (мажи), 58 години (жени) – постепено зголемување
  25. Косово: 65 години
  26. Латвија: 65 години
  27. Лихтенштајн: 65 години
  28. Литванија: 65 години
  29. Луксембург: 65 години
  30. Малта: 65 години
  31. Молдавија: 63 години (мажи), 58 години (жени) – постепено зголемување
  32. Монако: 65 години
  33. Црна Гора: 67 години
  34. Низоземска: 67 години
  35. Северна Македонија: 64 години
  36. Норвешка: 67 години
  37. Полска: 65 години (мажи), 60 години (жени)
  38. Португалија: 66 години
  39. Романија: 65 години
  40. Русија: 65 години (мажи), 60 години (жени) – постепено зголемување
  41. Сан Марино: 65 години
  42. Србија: 65 години
  43. Словачка: 62 години (мажи), 60 години (жени) – постепено зголемување
  44. Словенија: 65 години
  45. Шпанија: 65 години (со флексибилност зависно од бројот на придонеси)
  46. Шведска: 65 години
  47. Швајцарија: 65 години (со опции за предвремено пензионирање)
  48. Турција: 60 години (мажи), 58 години (жени)
  49. Украина: 60 години (постепено зголемување)
  50. Обединетото Кралство: 66 години (постепено зголемување до 67 години до 2028 година)

Во многу земји, постојат исклучоци или флексибилност, зависно од бројот на години кои една личност ги има придонесено во пензискиот систем или ако има специфични здравствени проблеми или работни услови (на пример, физичка работа или јавни работни места). Дополнително, многу земји дозволуваат опции за предвремено пензионирање, понекогаш со намалени бенефиции.