(АНАЛИЗА) ВМРО-ДПМНЕ и ВРЕДИ на чекор до нова влада: Со евентуално прегласување и влез на ЗНАМ можат до двотретинско мнозинство!?

По вчерашната најави од мандатарот за состав на новата владата, Христијан Мицкоски, ВМРО-ДПМНЕ е на чекор до коалиција со ВРЕДИ, но и двотретинско мнозинство. Ако пратниците преминуваат во коалицијата „Твоја Македонија“, но и со евентуален влез на ЗНАМ во Владата тоа ќе бидат речиси 80 пратеници предводени од ВМРО-ДПМНЕ.