Луѓето биле виновни за дел од пожарите ширум Македонија, па упати порака да не се палат скари, оти ресурси за гаснење на пожари нема на претек.
-Ги повикуваме сите граѓани да пријават опасност, односно да пријават пожар доколку го забележат на било кое место, веднаш да се јават на бројот 195, тоа е бројот на центарот за управување со кризи, или на бројот 193. Можност за одоговор на пожари, односно можностите за гаснење се лимитирани, рече Ангелов.
Тој апелираше и до сите градоначалници да се погрижат нивната територијална противпожарна единица и тимовите, кои со закон се должни да ги имаат, да ги зајакнат и со опрема, но и со бројност, за да можат да пружат прв одговор при појава на посериозни пожари на отворено или шумски пожари.
Зошто токму институцијата на чие чело е токму тој има лимитирани можности за гаснење на пожари?
Иако имаме малку ресурси за справување со пожари и тие не ги користиме целосно. Канадерите кои ги има во Македонија не се користат, оти не се сервисирани – сервисот бил скап. Директорот на дирекцијата за заштита и спасување, Бесим Максути вели дека постапката за избор на фирма која ќе ги сервисира е во тек.
-Тие не се сервисираат во земјата, а би сакал да споделам дека уште пострашно е што во досегашната пракса се појавува само еден оператор кој од година во година ни ги зголемува побарувањата, кои се надвор од буџетските средства кои Дирекцијата ги има. Ние секоја година од операторот добиваме поголемо побарување за 30 до 40 отсто. Ни одат премногу средства, а не добиваме навреме сервисирани и готови авиони за гаснење пожар, вели директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Максути во интервју за Радио Слободна Европа.
Проблемот за справување со пожари се јавува и во бројот на противпожарни возила, кои ги има само нешто над 200 и се со просечна старост од 28 години.