Ангеловски, како што е најавено, ќе ги обелодени во јавноста имињата на 26. фудбалери на кои ќе се потпре за натпреварите во групната фаза против Австрија, Украина и Холандија.

Македонската репрезентација својот дебитантски натпревар на европските првенства ќе го игра на 13 јуни против Австрија во Букурешт. На 17 јуни во романската престолнина избраниците на Ангеловски ги очекува мечот против Украина, по што репрезентацијата се сели во Амстердам за дуелот против Холандија на 21 јуни.

Пред заминувањето за Букурешт, македонската репрезентација на 1 јуни во Скопје ќе одигра пријателски натпревар против Словенија.