Ефикасно беше справувањето на надлежните институции во справувањето со последиците од трагедијата во Кочани. Особено е висок процентот на граѓани на оваа анкета кои сметаат дека здравствените власти успешно реагирале на големиот број повредени од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани на 16 март. Ова се дел од резултатите на истражувањето на јавното мислење во Македонија на МКД.мк, кое го спроведе агенцијата Маркет вижн. Ова следува по вчерашната анкета која покажува дека економијата наспроти корупцијата станува најважниот проблем за македонските граѓани. Убедливо водство има ВМРО-ДПМНЕ, а политичар со најголема доверба е премиерот Христијан Мицкоски.
(АНКЕТА) Корупцијата повеќе не е најголем проблем за македонските граѓани
Анкета за справувањето со трагедијата во Кочани
Две третини од испитаниците сметаат дека надлежните институции ефикасно се справија со последиците од трагедијата во Кочани. 35,3 отсто од испитаниците велат дека одговорот на надлежните институции на оваа трагедија бил неефикасен.
Повеќе од 70 отсто од испитаниците сметаат дека здравствените власти ефикасно се справија со големиот број на повредени во пожарот во Кочани. Процентот на незадоволните граѓани од здравствените власти е 21,8%.
И во однос на истрагата, работата на МВР и на обвинителството за утврдување на одговорноста за трагедијата во Кочани, висок е процентот на граѓаните (53,1%) кои велат дека надлежните брзо и ефикасно се справуваат. Негативен одговор на ова прашање дале 32,8 отсто од испитаниците.
Најголем дел од испитаниците изјавиле дека забележуваат активности во борбата против организираниот криминал. Во градацијата на одговорите на прашањето за оценката за борбата против организираниот криминал, повеќе од 60 отсто од испитаниците сметаат дека борбата е интензивна и континуирана, дека има активности, ама треба повеќе и дека забележливи се активностите ама не се доволни. Негативен одговор на ова прашање дале 23,2 отсто од испитаниците.
На актуелното прашање за смена на Судскиот совет и на јавниот обвинител, мнозинството од испитаниците дале позитивен одговор. Околу половина од испитаниците сметаат дека треба да се смени Судскиот совет (50,3%), а нешто помалку, 45,7% сметаат дека треба да се смени јавниот обвинител. Негативен одговор на ова прашање дале околу 20 отсто од испитаниците.
Економски мерки на Владата
Две третини од испитаниците ја поддржуваат владината мерка за замрзување на маржите на дел од производите.
Над 40% од испитаниците сметаат дека производите вклучени во мерката за замрзнување на маржите се добро одбрани, додека 13,2% не се согласуваат со изборот на производи опфатени со оваа мерка. Од нив, најголем дел, односно 39,4% изјавиле дека треба да се замрзнат цените на сите производи, а не само на дел.
Речиси половина од испитаниците (40,3%) сметаат дека високите цени во најголема мера се должат на превисоките маржи на трговците.
Анкетирањето беше спроведено од 20 март до 17 април со употреба на CAТI метода – телефонско анкетирање со помош на компјутер на примерок од 1.200 испитаници (статистичка грешка: 3%; интервал на доверба: 95%).
Примерокот е репрезентативен на ниво на Македонија според: регион, пол, возраст и етничка припадност според податоците за резидентното население од пописот 2021 година.