Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски ексклузивно ги соопшти сите новости околу изградбата на Коридорот којшто се гради во соработка со Велика Британија. Со него разговараше главниот уредник на Радио Лидер, новинарот Љупчо Златев.

Денеска навистина прекрасни вести објави министерството за финансии. Вкупно 16 финансиски гиганти, 16 меѓународни финансиски институции донесоа одлука да учествуваат на повикот којшто го објави министерството за финансии со цел доставување понуди за финансирање на брзата пруга. Самиот факт што дури 16 водечки светски институции, од кои што, ќе бидам директен, за дел од нив во минатото само се сонувале да ја видат Македонија на мапа, а камо ли да финансираат проекти докажува каков кредибилитет има проектот. Односно, се работи за врвен проект за проект којшто ќе значи многу за иднината на Македонија, проект којшто целосно ќе ја трансформира Македонија, би рекол најзначајниот проект во поновата историја на Македонија. Овој проект на комплетно друго ниво го носи и градежниот сектор заради целосно функционирање на институциите во Македонија. Така што, фактот дека 16 врвни светски финансиски институции поднесуваат финансиски понуди говори се во однос на кредибилитетот на проектот. Со ова, паѓааат во вода сите злонамерни јазици кои зборуваат дали бил оправдан проектот или не. Зборуваа дали бил финансиски исплатлив или не. Самото тоа што овие финансиски институции доставуваат понуди докажува дека тие веруваат во проектот затоа што парите коишто тие ќе ги позајмат на Македонија можат да бидат вратени само ако проектот е финансиски исплатлив. Од друга страна, тоа што Велика Британија застана зад проектот дава дополнителен кредибилитет на целиот проект и целиот процес. Тоа е една од клучните причини зошто 16 врвни финансиски институции доставуваат понуди. Секако, во следниот период министерството за финансии ќе ги анализира тие понуди и ќе ја информира владата и јавноста во однос на тоа која е најдобра понуда, па постапката ќе продолжи, рече Николоски за Радио Лидер.

Вицепремиерот одбегна да зборува во детали, но потенцираше дека банките се од „прва категорија“. Рече дека каматната стапка ќе биде поволна, а условите за финансирање одлични.

Не можам да одам во детали, но зборуваме за финансиски институции и банки кои се од прва категорија во светот. Она што се уште можам да го кажам е се уште рано да се каже конкретната каматна стапка да се каже, но она што можам со сигурност да го кажам е дека истите оние критичари кои кажуваа дали е добар или не, како што сега претпоставувам се изненадени и како што сега ќе имаат доблест во јавност да се извинат, кога ќе ги видат каматните стапки ќе излезат да се извинат. Македонија ќе добие најдобри каматни стапки било кога видени во државата и најдобри услови за финансирање.

Погледнете го целиот аудио разговор:

Тој рече дека овој проект во споредба со „Бехтел и Енка“ е подобар затоа што парите не се даваат од буџетот.

Кај „Бехтел и Енка“ клучниот проблем е што нема финансирање. Ние секоја година директно од Буџетот префрламе значи кратиме на плати, пензии, социјална помош да може да плаќа проектот, рече Николоски.

За крај, тој потенцираше дека првите машини ќе бидат достапни уште при крајот на оваа есен.

Министерството за финансии ќе ја заврши процедурата, верувам дека нема да е долго. Доцна есен ќе ги видите првите машини, заклучи Николоски.