Како што соопштија од (АВМУ), во него се утврдува начинот на примена на членот 75-ѓ ставови 1 и 2 од Изборниот законик за Локалните избори за членови на советите на општините и советот на Град Скопје и за градоначалници на општините и градоначалник на Градот Скопје, со цел да се обезбедат прецизни правила за дозволеното времетраење на платеното политичко рекламирање на реален час емитувана програма кај радијата и телевизиите.

Од Агенцијата информираат дека јавната расправа е отворена до 16 септември.

Агенцијата ги повика сите регистрирани политички партии, независни кандидати за градоначалници и советнички листи, радиодифузери и други заинтересирани страни, со свои мислења и предлози да учествуваат во јавната расправа и истите во писмена форма да ги достават по електронски пат на е-адресата „contact@avmu.mk.“

Оттаму посочуваат дека нацрт-упатсвото за платено политичко рекламирање за локалните избори е достапно на нивната веб страна.