Со оваа одлука на австриските пратеници, на тешко или неизлечиво болните лица, кои се полнолетни и способни да одлучуваат, им се дава можност да побараат помош за ставање крај на нивниот живот.

Предуслов за добивање на оваа помош е тој што сака да умре за се да биде целосно информиран од докторот, дека болеста е утврдена. Дополнително, мора да биде потврдено, од друг лекар, дека лицето во тој момент е при целосна свест и е способно да донесува одлуки.