Како што вели Панов, одговорно тврди дека овој учебник, кој патем кажано за првпат е издаден во 2002 година, е подготвен според утврдената наставната програма за реформираното гимназиско образование и врз основа на концепцијата за изготвување ваков тип учебници. Тој е педагошки и дидактички издржан и, според него, учениците се оспособуваат да ги воочуваат фактите, појавите, процесите и објектите кои се мошне битни за здобивање на основните национални, патриотски и интегрални знаења за нашата национална географија.

Впрочем, корисниците на овој учебник не се деца, како што вели Царовска, туку се ученици во релативно поодмината возраст и се целосно подготвени да ги прифатат дадените содржини во учебникот а овој учебник не сме го напишале за граѓаните на Република “Северна“ Македонија, туку за Република Македонија. Доколку тоа и сметало на Царовска, редно е да излезе и да каже дека таа е една од причините а не да се плетка со образложенија кои ниту ги разбира а ниту се во нејзина надлежност. Впрочем, би ја запрашал Царовска, како последниве дваесеттина години истиот овој учебник бил добро дидактички и методски подготвен и не ја навредувал ничија култура и историја, одеднаш е методски и дидактички неподобен и културно-историски навредлив. На глупоста и нема крај, напиша Панов.

Прочитајте ја целосната објава на неговиот Фејсбук профил.

Денес, со еден тивок и небаре виновен глас ми се јави службеничката од МОН која, патем кажано е од албанската етничка…

Posted by Nikola Panov on Friday, March 19, 2021

Тој денеска напиша и втор статус, каде им порачува на оние кон кои ги упатува критиките, да стават прст на чело и да одат во „нивната северна историја“

ВИСТИНОТЕКА ПАНОВ

Почитувани пријатели, поддржувачи на вистината,

Ви се заблагодарувам на големиот број лајкнувања,…

Posted by Nikola Panov on Friday, March 19, 2021