ЕУ и Балканот со неоправдано високи цени на храната

Анализите во повеќе земји на ЕУ покажаа во ЕУ и на Балканот има неоправдано високи цени на храната. По бојкотите на маркетите, државите спроведоа истражувања за зголемените трошоци. Бугарија беше меѓу првите што презеде мерки против драстичниот пораст на цените. „Бугарската влада издвои околу 5 милиони евра за проектот ‘Продавница за народот’. Целта е отворање ланец продавници со домашни производи. Маржата на овие производи нема да надмине 10 проценти“, изјави министерот за земјоделство Георги Тахов. Продавниците ќе се отворат во посиромашни и рурални средини. Населението таму е најпогодено од инфлацијата и троши помалку на храна. Домашните производи ќе стигнуваат до потрошувачите без големи посредници.

Медиумите на Балканот и во ЕУ пренесуваат заеднички став на производители и потрошувачи. Високите цени на храната ги намалуваат платите и приходите на граѓаните. „Целиот профит оди кај големите ланци на супермаркети. Малите земјоделци добиваат сè помалку за своите производи“, се вели во извештаите. Белгија се соочува со истиот проблем на вртоглав раст на цените. Многу Белгијци од внатрешноста пазаруваат во Франција и Германија. На Балканот, Словенците често одат во Трст за поевтини производи.

Француската влада се сомнева во тајно договарање на маржи меѓу маркетите. Пред неколку месеци, таа одржа средба со директори на големи ланци од Франција и Германија. Иако ништо не е докажано, се тврди дека четири маркети контролираат 85 проценти од пазарот во Германија. Нашата влада најави истраги и санкции доколку забележи неправилности во цените. Останува да се види дали големите ланци ќе ги намалат цените на храната.