Во моментот го живееме пикот на растот на цените на нафтените деривати. Глобалното покачување на цените ќе се одрази на финансиската конструкција на сите граѓани а особено на оние кој имаат помали примања.
Со инфлација до 12% и инфлација на елементарни производи од 15% ќе биде навистина многу тешко, вели економскиот аналитичар, професор Абил Бауш кој смета дека во овие кризни времиња државата треба да ја промени даночната политика и да ги сервисира граѓаните со услуги во транспортот, образование, здравство па и субвенционирање на земјоделците или на млади претприемачи…
За ребалансот на Буџетот кој е во собраниска процедура, Бауш вели дека Владата треба сериозно да почне да размислува како подобро да го крои Буџетот кој би овозможил фер третман кон сите граѓани на државата, кон стопанството и кој понатаму би имал сериозен влијание врз економскиот раст и развој на државата.
Лидер: Дали Македонија ја очекува најголемата и најтешка економска криза?
-Македонија ја чека онаква криза каква што може самата да ја создаде или самата може да ја амортизира, што значи какви економски политики ќе потегнеме од тоа ќе зависи до кој степен ќе бидеме во економската криза. Периодично ако се земат во предвид економските резултати од кризните периоди на Македонија од 2008, 2014 потоа кризата со пандемијата Ковид 19 па се до ова денешната која е од енергетска и прехранбена природа ќе видите дека постојано сме во некоја ситуација на не урамнотежување на пазарот односно од кризни ситуации. За да имате подобар излез од ваквите ситуации ќе треба да имате преземено стратешки политики односно долгорочно да планирате. За жал, во нашата држава секоја политика е нецелосна, неинтегрирано и парцијална, така да се плашам дека и ова криза ќе не одмине и ние никако нема да научиме ништо од неа.
Лидер: Вртоглаво растат цените на струјата и горивата. Кога се очекува да се достигне пикот?
-Мислам дека во моментот го живееме пикот на растот на цените на нафтените деривати, а што се однесува до струјата ќе зависи како ќе ја проектираме ние политиката на производство на енергија и по која цена ќе купуваме струја од меѓународниот пазар. Ние имаме ситуација пандемија Ковид кога националните економија се затворија се промени синџир на снабдување така да од глобалниот пазар останаа само поимот. Во моментот кога се отвори економијата, почнаа да имаме и поголема економска активност во националните економија и тогаш најавуваме дека цената на енергенсите ќе се покачи поради побарувачката на нафтените деривати, електричната енергија како и природниот гас и во тој момент цената на овие енергенси се покачи. Ние можеби очекувавме да имаме некоја стабилност на цените на енергенсите после првиот квартал на ова година доколку не се појавеше војната помеѓу Украина и Русија но сега проекциите се поместени на некој рамнотежа која упатува дека до крајот на четвртиот квартал би имале некоја стабилност на цените но секогаш со мислата дека нема да очекуваме некоја нова кризна политичка ситуација.
Лидер: Како едно просечно македонско семејство да го издржи овој финансиски удар и дали постои финансиска конструкција за да можат да го држат животот во нормала?
-Се плашам дека за одредени потреби кој претходно ги реализирале членовите на едно просечно семејство во Македонија ќе треба да се откажат а тоа автоматски значи дека животниот стандард ќе се намали. Цените на елементарните производи како и на горивата па и на струјата ќе се одрази во финансиската конструкција на сите граѓани а особено оние кој имаат помали примања тоа многу повеќе ќе го осетат. Со инфлација до 12% и инфлација на елементарни производи од 15% ќе биде навистина многу тешко. Ако успеат да ја сменат даночната политика во кој што оние со поголеми профити и примање би се оданочувале имајќи во предвид некои профитните бизниси и од друга страна ако се помогне со некој конкретни политики на државно ниво може да се ублажи кризата на овие семејства. Некој услуги кој се неопходни за граѓаните треба да ги сервисира државата п.р транспорт по поволна цена да можат да се движат, образование, здравство па и субвенционирање на земјоделците или на млади претприемачи би направило добра работа.
Лидер: Во Собрание започна расправата за ребалансот на Буџетот. Дали проекциите ќе ги задоволат потребите на бизнисот, стопанството и граѓаните?
-Како економист има една друга концепција за проекција на буџетот јас мислам дека буџетот да биде развоен ќе треба за секој потрошен денар да се види намената и како тој ќе влијае во економскиот раст и развој, а за да се направи тоа треба да се инвестира сериозно во капиталните инвестиции кој кај нас за жал немаат некое голем удел. Овој ребаланс на буџетот очекував дека ќе биде повеќе штедлив но во исто време да не ги укине капиталните инвестиции, но прво што се нарави се укинаа капиталните инвестиции и потоа некој други неуделни трошоци. Во меѓувреме стапката на јавен долг ќе се зголеми преку буџетскиот дефицит, кој пак ти пари би ги добиле со поголема каматна стапка и плус со сервисирање на јавниот долг и некој оперативни трошења и зголемување на плати во јавниот сектор. Јас мислам дека владата треба сериозно да почне да размислува како подобро да го крои буџетот кој би овозможил фер третман кон сите граѓани на државата, кон стопанството и кој понатаму би имал сериозен влијание врз економскиот раст и развој на државата. Од друга страна политичките актери да се занимаваат со поголеми стратешки политики и кој би очекувале резултатите да ги добијат на подолг период.