Станчиќ за РТС изјави дека заедно со Саша Богдановиќ, градоначалникот на скопската општина Центар, го иницирале тој сеопфатен проект, кој беше поддржан од претседателот Вучиќ, и од српското Министерството за образование, Институтот за заштита на спомениците на културата и собранискиот Комитет за дијаспора.

– Идејата се појави како потреба за Србите во Македонија, кои според последниот попис од 2002 година, се околу 40.000, конечно да добијат Културен центар. Исто така, потребно е тие институционално да се зајакнат, да се грижат за наследството, да го зачуваат јазикот и писмото, што се сите предуслови за зачувување на идентитетот во долгиот период на асимилација, изјави Станчиќ.

Тој додава дека 15-годишната работа и искуство на српската невладина организација „Спона“, која печати списанија на српски јазик, организира трибини, научни собири, театарски претстави и концерти низ цела Македонија, ја покажало потребата од Културен центар зад кој би застанала државата Србија.

– Денес е тешко точно да се разјасни што и како луѓето чувствуваат и подразбираат под основите на својот идентитет, кажа Станчиќ, додавајќи дека Српската куќа ќе биде основана како еден вид рехабилитација и спречување на натамошната асимилација на Србите.

Тој оцени дека на луѓето им треба нешто постојано, секогаш присутно, дизајнирано со српски културни национални карактеристики и приемчива содржина за да ги потсетува и храбри во разјаснувањето и поддршката на спознанието дека сме тука со векови и дека треба да не биде и во иднина.

Во исто време, Србија и градот Белград подготвуваат услови Македонија да добие сличен центар во Белград, заклучи Станчиќ.

Македонскиот премиер Зоран Заев претходно најави враќање на српскиот јазик како изборен предмет во училиштата во  Македонија, како и изградба на Српски културен центар во Скопје и Македонскиот културен центар во Белград.